Актуелниот градоначалник на Град Скопје и кандидат на СДСМ и Коалицијата Петре Шилегов денеска изјави дека очекува голема победа во вториот круг на локалните што ќе се одджи на 30 октомври.
Вели дека со неговата противкандидатка Данела Арсовска, која во вчерашниот прв круг освои над 5.000 гласови повеќе од него, во вториот изборен круг влегуваат изедначено.
Шилегов тврди дека, како што вели, има поголем коалиционен капацитет од Арсовска, која е поддржана од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата.
„Јас сум сигурен дека во вториот круг ќе извојуваме победа. Ако ги погледнете резултатите, ќе констатирате дека Арсовска го достигна истиот резултат на ВМРО-ДПМНЕ како на парламентарните избори лани. Јас се потпирам на гласовите на граѓаните и верувам во триумф“, кратко истакна Шилегов.







