Градоначалникот на Град Скопје предлага на општините да им се одземе надлежноста за нспекција на градби и тоа да се додели на Градот.



Во интервју за ТВ Сител Петре Шилегов образложи дека така ќе се елиминираат субјективните слабости кои можеби постојат кај определени службеници во општините за толерирање на дивоградбите.

„Општините да се занимаваат со урбанизам и со издавање на градежни дозволи, но инспекторирањето и санкционирањето на дивоградби да биде надлежност на Градот.  За жал, ние како Град Скопје немаме градежна инспекција и ниту имаме надлежност да санкционираме дивоградби како што е Матка, Мавровка, објектот спроти Американската амбасада… За жал не постои закон врз основа на кој Градот може да делува“, рече Шилегов.