Шилегов не знаел да се пофали колку работи


„Ми викаат многу работиш, не ти чини пи-арот, не знаеш да се фалиш, рече Шилегов денеска во говорот во спортскиот центар „Борис Трајковски“, на завршниот настан од караванот на СДСМ,„На прав пат“.



„Ние не се фалиме, затоа што за нас тоа е редовна работа. Поважно од улиците, булеварите и објектите, Скопје се луѓето, Скопје е секој од нас што не е присутен во оваа сала“, рече Шилегов. 

Според него, за две години биле преземени 28 мерки кои видливо го намалуваат аерозагадувањето. Инспекциите се засилени за загадувачите“, рече тој и додаде дека 13 од 23 средни училишта имаат енергетски фасади, Градот дал субвенции за оџачари, за набавка на инвертери, велосипеди, го обвновиле зеленилото во Градот, а градските улици и булевари се граделе побрзо и подобро од порано.

Од февруари низ скопските улици ќе можат да се видат новите 33 нископодни единечни и двокатни автобуси на гас, најави исто така скопскиот градоначалник.

Од февруари, најави Шилегов, ќе почне и изградбата на Универзалната сала…