Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов денеска соопшти дека бројот на превезени патници во градските автобуси е намален од преку 62 проценти во однос на лани.



Според него, во автобусите се почитува мерката за исполнетост на капацитетот до 75 проценти.

„Кога ќе го погледнете бројот на валидирани билети ќе видите дека бројот на превезени патници во текот на оваа година е 37,5 проценти од истиот период што се превезле во 2019 година. Што значи дека имаме намалување на бројот на превезени патници од преку 62 проценти.

Од тие причини на дневна основа ги пратиме сите работи како се движат, ќе чекаме да ги видиме препораките од Комисијата за заразни болести и соодветно ќе одговориме“, рече Шилегов одговарајќи на новинарско прашање.