Шилегов не попушта – ќе ја затвора Гинекологија!?

Градоначалникот на Скопје вели дека не прифаќа алтернативни решенија и дека во рок од 30 дена ќе ја затвори Гинекологија Чаир која се грее на мазут и ја загадува околината.



Министерот за здравство Венко Филипче, по заканата на Шилегов рече дека во тек е постапката за реконструкција на системот за греење, а болницата ќе биде гасифицирана до почетокот на следната грејна сезона.

„Јас тоа што имав го кажав, досега Град Скопје нема добиено никаков доказ дека било каква постапка е започната“ изјави градоначалникот Петре Шилегов, одговарајќи му на минситерот.