Шилегов не кажува колку чинат автобусите што ги купил

Строго чувана тајна е цената на новите автобуси кои градоначалникот ги промовираше пред неколку дена. Ниту барањето за слободен пристап до информации од јавен интерес, не даде резултат. Граѓаните се уште не знаат колку платиле за секој од новите МАНови, открива Сител.



Одговорот го нема ниту скопскиот градоначалник.

Согласно насоките на градоначалникот, одговорите новинарите од Сител ги побарале од ЕБОР, но оттаму повторно биле упатени информација да побараат од Град Скопје бидејќи сите информации треба да се бараат од субјектот кој ја врши набавката односно е барател на кредитот.

Набавката ја нема во системот за јавни набавки.