Шилегов контра Уставен суд: Остатокот од платата до 14.500 денари ќе го дал во фондот за Ковид-19

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов ќе ја игнорира одлуката на Уставниот суд, кој ја поништи уредбата на Владата со која судиите, пратениците, директорите, обвинителите и сите останати избрани и именувани лица во април и мај требаше да добијат минимална плата, а остатокот да биде проследен во фондот за борба со коронавирусот.



„Без оглед на одлуката на Уставниот суд на Република Северна Македонија, разликата од мојата плата до 14.500 денари ќе ја уплатам во фондот за борба против епидемијата од вирусот Ковид 19.

Живееме во време во кое секој од нас, треба да покаже барем малку солидарност и колективна одговорност.

Државните функционери (секој од нас поединечно) треба да предначат во тоа чувство на одговорност.

Седете дома (иако е тешко). Секој од нас е одговорен за своето и јавното здравје.

Почитувајте ги препораките за социјална дистанца и носење на заштитна опрема.

Во извештаите за состојбата на заболените, луѓето се само бројка, но, почитувани, таа бројка може да биде било кој од нас.

Секој е важен. Секој човек е важен.

#СедиДома
#ПочитувајПрепораки“, објави Шилегов на Фејсбук.