Градоначалникот на Скопје ѝ даде рок од 30 дена Гинеколошката болница Чаир да го промени начинот на загревање, во спротивно ќе биде затворена, пренесува порталот „Сакам да кажам“.



Според Петре Шилегов, од Инпекторатот на Град Скопје во два наврати биле извршени контроли и било констатирано дека греењето со мазут загадува воздухот.

На социјалните мрежи граѓани споделуваат видеа на кои може да се види црн густ чад што излегува од оџакот на болницата.