Шилегов ќе ја продава Градската куќа

Без присуство на советниците од опозицијата на вчерашната седница на Советот на Град Скопје беше донесена одлука да се продаде Градска куќа во која требаше да се всели градската администрација.



Ќе се продава по пат на јавна електронска аукција –Почетната цена, на електронската аукција ќе биде 12,7 милиони евра.

Локацијата на објектот е лоша, внатрешниот простор е нефункционален и не може да ги собере сите вработени од Град Скопје, образложи градоначалникот Шилегов.

„Разговарав со архитектите, ги прашав како е можно на објект од околу 6.000 метри квадратни да можат да бидат сместени само толку луѓе, тие ми кажаа дека заради формата и поставеноста на објектот едноставно е невозможно поинаку затоа што имате многу мрачен простор бидејќи објектот е коцка. И всушност имате многу неискористен простор во функционалноста на објектот.“

ВМРО- ДПМНЕ обвинува дека Шилегов прво негирал, но сепак призна дека ќе се продава. Тврдат дека зад овој чин стојат бизнис интереси.

Изградбата на Градската куќа почна во јуни 2011 година како дел од проектот „Скопје 2014“, а за нејзината изградба беа потрошени 20,5 милиони евра.