Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов даде рок од 30 дена сопственикот да ја отстрани галијата кај стара пошта. Според него, објектите од проектот „Скопје 2014“ во коритото на Вардар можат да предизвикаат поплави.
„Создадени се услови и во рок од 30 дена, сметано од денеска, корисникот треба да го отстрани она што се нарекува урбана опрема. Во спротивно по истекот на рокот, градот на негов трошок ќе го направи тоа, по 10-ти април оваа година“, изјави Шилегов.
За остантите галии Шилегов рече дека ќе се почекало, затоа што присилното отстранување ќе чинело многу.
„Проценките на градот се дека ако насилно ги отстраниме трите галии тоа би чинело околу 6 милиони евра, а тоа се средства што градот ги нема“
Тој минатата недела побара да ја преземе сопственоста на спомениците дел од „Скопје 2014“, но градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ одговори негативно..






