Скопскиот градоначалник вчера изјави дека новинарите не требало да поставуваат прашања за загадувањето, зашто се подразбирало дека Градот има стратегија, но не откри која е таа:
„Навистина сум изненаден од ваквите прашања. Веројатно знаете дека битката со загадувањето не е битка која што ад хок ја стартувате и ад хок ја прекинувате. Таа е перманентна и ние во текот на овие три години превземаме мерки кои што даваат број на намалени загадени денови,“, рече Шилегов.
Апликацијата „Мој воздух“ синоќа покажа загаденост во Карпош, 133, Аеродром, 118, Кисела вода 105 и Маџари 101 микрограми ПМ10 честички на метар кубен, според „СкопскоЕхо“






