Брзајќи да се пофали со менувањето на асфалтот на булеварот „Александар Македонски“, скопскиот градоначалник Петре Шилегов ги остави во недоумица посетителите на неговата страница на Фејсбук.
Едната „непозната“ е за познавањето на македонскиот правопис од „градскиот татко“, кој името на најголемиот војсководец во историјата го напишал со мала почетна буква, наместо со голема. Другата е дали тој, едноставно, не обрнал внимание на тоа во творечкиот занес, горд на себе од неимарскиот „потфат“ во рамките на серијалот „Скопје, една поинаква приказна“.






