На кејот на реката Вардар во центарот на Скопје денеска се случи досега невиден начин на заштита на жив свет.
Според фотографијата што се појави на социјалните мрежи во Скопје се случува феномен на “бетонирани дрвја”.
Од досега непознати причини инвеститорот на проект во центарот на Скопје под ингеренции на градот и градоначалникот Шилегов дозволил да се бетонираат дрвата кои се наоѓаат на кејот на Вардар што според искуствата може да значи нивна смрт во блиска иднина.
Ова е втор голем инцидент со дрвја во општина Центар откако пред нецел еден месец од страна на градоначалникот Богдановиќ беа исечени дрва на улицата Орце Николов.
Ова не е нормално pic.twitter.com/sl8BjYOM0F
— Волкот од шумата 🌲 (@wolf_forest_228) July 2, 2021






