„За Шилегов донацијата од 100 илјади евра за неколкучасовниот настап на Дино Мерлин е анонимна, анонимна е и донацијата за најскапиот тревник кој скопјани ги чини 530 илјади евра, анонимни се и спонзорите кои го градат стационарот за кучиња Лајка…“ велат од Советничката група на ВМРО ДПМНЕ.
Советничката група поднесе пријава до Државниот завод за ревизија, Финансова полиција и Државната комисија за спречување на корупција против градоначалникот на Скопј.
Тие тврдат дека на ниту едно од поставените прашања, Шилегов не им одговорил со факти туку дека спонзорите биле анонимни.
„Дали зад анонимните пари се кријат сомнителни анонимни бизниси? – прашуваат советниците.





