Скопскиот градоначалник Петре Шилегов со подолга објава на Фејсбук им реплицира на тие што го исмеваа за погрешното именување на болеста што ја предизвикува коронавирусот со Ковид-18 наместо со Ковид-19 во постот во кој се осврнува на дополнителното ограничување на движењето на граѓаните.
„Онака како што сум воспитан и како што ги вреднувам работите во мојов живот, ме научија (родителите, семејството) дека во околностиве во кои што живее општеството, треба да се има приоритети, а тој приоритет е човековиот живот. Било чиј.
На Македонец, Албанец, Србин, Турчин, Ром, Влав, Бошњак … или ако повеќе сакате (за жал некој се’ уште сака да е така) член на СДСМ, ВМРО ДПМНЕ, ДУИ … или било која друга партија.
Зошто го пишувам ова ?
Во мојот пост за објава на новите владини ограничувања, наместо Ковид 19, по грешка (која ја исправив) напишав Ковид 18. И гледам се запнаа (за неполн час) со принт скринови да кажуваат како Шилегов згрешил во постот.
Ах бе луѓе !!!
Луѓе ?
Јас, за разлика од вас, не сум јас совршен. Грешам. Човечки, не суштински грешки. Замислете, дури и во пост на ФБ.
Мојата грешка (печатна) и вашите објави, повеќе зборуваат за вас, отколку за мене.
Секој со своите вредности во животот.
Вие (кои и да сте) ќе останете несреќни (со Ковид 18 или 19). Затоа што никогаш не сте знаеле да сакате !!! Да се радувате !!! Да бидете среќни !!!
Моја печатна грешка ве направила посреќни ? Ако. Јас сум среќен на вашата среќа.
#СедиДома“, реагира Шилегов.






