Збунувачка изјава на градоначалникот на Куманово за градскиот татко на Скопје во која користи збор што буквално означува лице што често менува сексуални партнери.
Откако скопскиот градоначалник Петре Шилегов синоќа на гостување во една од телевизиите, го нарече неговиот колега од Куманово неспособен и лицемерен Максим Димитриевски врати со свој став.
На прашање на Алфа како ќе ја искоментира ваквата квалификација, Димитриевски одговори:
“Немам време да коментирам такви промискуитетни ставови, посветен сум на реализација на проекти за подобрување за инфрасатруктурата во Куманово, рече Димитриевски за Алфа.
Дали Димитриевски зборот промискуитетни го употреби за да укаже симболично на често менување на голем број различни политички ставови на Шилегов или пак дека ставовите се последица на често менување на различни политички или сексуални партнери не може со апсолутна точност да се заклучи од изјавата.





