Растоварен од национални предрасуди и со паролата „Секој граѓанин во нашата држава има право да бира и да биде биран“ – вака градоначалникот на Скопје Петре Шилегов го коментира ставот на првиот човек на ДУИ Али Ахмети, во однос на поставување Албанец за претседател.
„Скопје е град за сите, тоа го покажавме, тоа го докажавме. Јас сум градоначалник што обединува, којшто гради мостови. Не сум градоначалник којшто ги дели луѓето на вакви и онакви, ниту пак нашиот град го делам на лева и на десна страна. Скопје е град кој рамномерно се развива во изминативе четири години. Јас знам дека скопјани тоа го препознаваат и дека на тоа ќе одговорат силно на овие претстојни избори“, изјави Шилегов.





