Шидер: Странски историчари за излез од ќорсокакот меѓу Софија и Скопје!?

Европратеникот Андреас Шидер предлага да се поканат еминентни странски историчари во заедничката комисија за да се излезе од ќорсокакот во кој се наоѓаат Македонија и Бугарија околу историските прашања, јави дописничката на МИА од Брисел.



„Имам сугестија за заедничката комисија доколку нејзината работа остане заглавена како сега. Можеби треба да поканиме двајца или тројца еминентни историчари од ЕУ кои немаат инволвираност во регионот, да помогнат да се стави прашањето во научна рамка“, изјави Шидер на брифинг со новинари посветен на Македонија.

„На Балканот како и секаде во светот политичарите подготвуваат идентитетски теми кога немаат одговор за основни прашања како вработеност, образованието, животниот стандард, и се плашам дека е ова вистината и за оваа дебата исто така“ – изјави Шидер за новинарите утрово.