Поради примање поткуп, Кривичниот суд одреди пет ефективни притвори, еден домашен притвор и едно одземање на патна исправа на уапсените на граничниот премин „Табановце“, дознава „А1он“.



Во синоќешната акција на Табановце полицијата откри кутија полна со пари

Два од одредените притвори за по 30 дена, а тоа се за командирот и шефот на смена. Притворите за останатите полицајци кај кои биле најдени пари се по осум дена, а осомничените ќе бидат спроведени во истражниот затвор во Шутка.