Шестемина медалисти од математичката Балканијада бараат 10.000 евра за Интернационалната олимпијада во Јапонија

На освојувачите на рекордни шест медали за Македонија на 40. Балканска математичка олимпијада што се одржа од 8 до 13 мај во турскиот град Анталија им се потребни 600 илјади денари за да учествуваат на Интернационалната математичка олимпијада од 2 до 13 јули во Јапонија.



За таа цел е покрената иницијатива за донација на https://umno.mk/donirajte-6000

Златен медал во Анталија освои Никола Спировски, сребрен Дамјан Давков, а бронзен Јан Стојановски, Алексиј Тасиќ, Никола Цветаноски и Алек Танаскоски.

Тие заедно освоија 157 тимски поени, значително подобрувајќи го резултатот од 118 поени во 2022 година.