Шесте потпретседатели на СДСМ поднесоа оставки

Шесте потпретседатели на СДСМ, Фросина Ременски, Дамјан Манчевски, Оливер Спасовски, Мухамед Зекири, Благој Бочварски, Петре Шилегов, вечерва поднесоа оставки по чистката што ја најави премиерот Зоран Заев, дознава Фокус.



Медиуми веќе јавија дека е разрешен генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, а на негово место, на предлог на лидерот на партијата Зоран Заев, доаѓа асктуелниот министер за земјоделство, Љупчо Николовски.