Шест странски државјани, меѓу кои и две деца, загинаа, а повеќе од 100 други лица беа повредени по силната бурата која синоќа ја погодија северна Грција. Силниот ветер проследен со дожд корнеше дрва и носеше покриви од куќи на полуостровот Халкидики.



„Ова е прв пат во мојата 25 годишна кариера да доживеат нешто слично”, изјави за грчката телевизија Атанасиос Калцас, директор на Медицинскиот центар Неа Муданија, каде што многумина од повредените беа третирани за скршеници.

Калцас соопшти дека пациентите пренесени на клиниката биле на возраст од 8 месеци до над 70 години. Некои претрпеле повреди на главата од дрвја и други од предмети што ги носеле ветерот.

Двајца постари чешки туристи загинаа кога силните ветришта и вода ја однесоа нивната приколка, соопшти полицијата.

Една жена и едно 8-годишно момче, романски државјани, загинаа откако се урна еден покрив во ресторан во Неа Плагија. Еден човек и едно момче, двајцата Руси, почина откако едно дрво се урна во близина на нивниот хотел во приморскиот град Потидеа, велат властите.

Ваквото лошо време е невообичаено во Грција, каде што летата обично се топли и суви. етереологот Клеарксос Марусакис ги опиша условите како “исклучително необични” за ова време од годината.

Властите прогласија вонредна состојба Халкидики.