Зоран Милески Кичеец добил шест месеци затвор за сообраќајката која ја предизвика во близина на Стража, а загина едно лице, објави „А1он“.
Оваа казна му е изречена врз основа на спогодба која ја склучи со Обвинителството, а ја прифати надлежниот суд.
Од Обвинителството за „А1он“ велат дека е констатирано дека тој претекнувал возила на полна летна, за што признал вина и изразил жалење за кривичното дело.
Токму ова е олеснителната околност поради која е склучена и спогодба.







