52-годишен скопјанец, кој работи во една балканска земја и дошол во Македонија за да извади нов пасош вели дека пред повеќе од 20 дена се фотографирал за нов пасош, и за тоа чекал цели шест часа.



„ Ајде тоа го истрпев некако. Но, уште поголем проблем испадна да се подигне готовиот пасош. Овде никој не знае кога некој пасош ќе биде готов. Мене ми рекоа дека можам да си го подигнам на 15 јануари. Дојдов, чекав цел ден и ми рекоа дека не е готов. Молам, па како е тоа можно? Ги прашувам кога ќе биде готов, да не доаѓам и да чекам за џабе, ми велат не знаеме, дојди за ден-два“ вели граѓанинот за „Плусинфо“.

Раскажува дека и денеска дошол во пунктот на МТВ уште во 5 и 15 часот сабајле, но  маместо во 7:30, вратите биле отворени дури во 8 и 20!

„И навистина, кога ја отворија вратата влегов прв и има што да видам – дваесетина други луѓе, влезени низ којзнае какви ходници, или од задни влезови, со пријатели или со подмитување, веќе чекаа на шалтерите кои штотуку се отворија- вели тој.

Не е сигурен но, вели дека наслушнал дека „треба да имаш „некој“ да ти заврши работа, или да си платиш, најмалку 1.000-1.500 денари“…

Повеќена следниот ЛИНК