Shell и BP нема да купуваат руска нафта и гас

Најавените одлуки на компаниите го забрзуваат процесот на отфрлање на Русија од страна на меѓународните енергетски компании поради инвазијата на Украина, објави Блумберг. .



Сепак, предупредија дека нема да можат веднаш да ги прекинат зделките поради долгорочните договори и можните тешкотии во изнаоѓањето алтернативни набавки.

Од Шел предупредуваат и за ризиците – од помалото производство, а од Бритиш петролеум бараат постепено да се откажат од обврските.