Министерката Радмила Шеќеринска, на Фејсбук реагираше на објавената „бомба“ во која се слуша како таа зборува со тогашниот вицепремиер Фатмир Бесими и бара член на ДИК од ДУИ принципиелно да гласа за победата на Андреј Жерновски во Центар.
„Малку се залетаа. И самите покажаа колку не сме исти. “Бомбава” само потврди која е огромната разлика меѓу нас и нив: тие се закануваат, ние бараме принципиелно да се гласа; тие крадат, ние бараме да не се крадат победите. Да се признае победата чесно и принципиелно. За жал, ништо не им беше свето и на државата и го приредија срамот со трите прегласувања на локалните избори 2013.
Можете уште еднаш да се уверите: не сме исти!“, напиша таа.






