Ниско ниво на комуникација на ТВ дуелот меѓу потпретседателите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Радмила Шекеринска и Александар Николовски, кој се случува вечерва во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 .
Шекеринска во неколку наврати лично го навреди Николовски, нарекувајќи го „кутар“ и „вцрвен“, на што Николовски побара да нема навреди на лична основа и на основа на формата на телото што го имаат соговорниците.
Во еден момент, објаснувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ не помогнало воопшто на патот кон ЕУ, и затоа треба да “пукне” од мака.
Претходно, објаснувајќи ја одлуката за датумот за преговори со ЕУ, таа рече дека не е Баба Ванѓа за да знае кога Македонија ќе добие датум.
Во видеото делот со пораката со која Шекеринска ја споменува Баба Ванѓа и посакува да пукне ВМРО-ДПМНЕ е по 20. минута.
https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/videos/3182445451812152/?sfnsn=mo&d=n&vh=e





