Шекеринска со медиумски настан за софтвер за англиски јазик

Министерката за одбрана и вицепремиерка Радмила Шеќеринска открива дека одбраната почнала да користи компјутерска програма за проверка на знаења по англиски јазик.



“Нов современ софтвер за тестирање по НАТО стандарди, бидејќи за секое унапредување, работа во НАТО командите и операциите и за сите во одбраната и Армијата, познавањето на англискиот јазик е неопходно. Воспоставивме систем за подигнување на компетенциите на сите вработени”, објави министерката денеска.