„Нашиот став е Собранието кое носеше тешки одлуки треба да биде и Собрание кое ќе ги потврди бенефитите од тие тешки одлуки. Не можете да барате од пратениците да гласаат за уставни измени, а од друга страна да им кажете не сте ни потребни за да го потврдите нашето членство во НАТО. Гласаа за тие уставни измени и за да го направат сето тоа возможно и затоа нашата цел е тоа да го направи и да го ратификува овој собраниски состав“ изјави денеска министерката за одбрана и вицепремиер Радмила Шеќеринска замолена да ја коментира изјавата на спикерот Џафери дека намера да го свикуваеднаш веќе распуштениот парламент за евентуална ратификација за Договорот за членсство во НАТО.
Шеќеринска вели дека целта ќе биде токму овој собраниски состав да може да каже дека заокружил со успех една стратешка цел за која сме работеле 30 години, пренесува Плусинфо.
„Мислам дека ова Собрание тоа навистина го заслужи’
Таа појасни дека одложувањето на изборите не е опција, а веќе се разговара со дел од пратеници и со други институции за можност за свикување на Собранието и по закажување на изборите, оти вели тој собраниски состав е функционален.
„Ние во ниеден момент не можеме да кажеме – немаме Собрание“, рече Шекеринска.




