Шекеринска нема пак да се кандидира за потпретседател на СДСМ

Министерката за одбрана и потпретседателка на СДСМ, Радмила Шекеринска, соопшти дека нема да се кандидира за заменик-претседател на СДСМ по Конгресот на партијата во мај.



„Добив прашање од мојата Општинска организација дали сум кандидат, кажав дека не сум, затоа што сметам дека и СДСМ, и политичката сцена на Република с. Македонија, одат напред кога постојано продуцираат нови кадри. Апсолутно, пристапот кон Конгресот треба да ни биде да формулираме и нови политики, а тие да бидат подобри“, изјави Шекеринска.

За шпекулациите дали е таа кандидат за амбасадор на земјава во Вашингтон и дали би ја прифатила таа позиција доколку и биде понудена Шекеринска рече дека за такво прашање не се дискутира преку медиуми.