Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, утрово разговараше со својот словенечки колега, Матеј Тонин, при што тој порача дека Словенија е подготвена да помогне со сите свои капацитети за гаснење на пожари.
„Штотуку разговарав со словенечкиот министер за одбрана Матеј Тонин – Словенија ги става на располагање сите свои капацитети за гасење на пожарите кај нас. Веќе започна комуникацијата помеѓу институциите. Благодарност до нашите пријатели и сојузници во НАТО. Благодарам Матеј“, напиша Шекеринска на својот профил на Фејсбук.






