Во финишот на предизборната кампања вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска го прекрши Преспанскиот договор и државава ја нарече Македонија, без географската додавка што нејзиниот владин колега и носител на изборната листа на СДСМ во „единицата“, Никола Димитров, ја потпиша во Нивици.
„Не сме сите исти бидејќи оваа наша Македонија не е нивниот темен вилает! #Можеме“, објави на Твитер заменик-претседателката на СДСМ.




