Министерката за одбрана изјави дека и понатаму внимателно се следи состојбата поврзана со мигрантите и дека е гарантирана безбедноста на нашите граници и на нашите граѓани.
Оваа држава покажа и претходно дека е подготвена да се справи со предизвикот, рече министерката Радмила Шекеринска на отворениот ден на Армијата за граѓаните во рамки на одбележувањето на Неделата на НАТО.
„Има одредена промена, особено од грчка страна, бидејќи еден дел од мигрантите кога видоа дека се работи за лажни вести, дека балканската рута е отворена, почнаа да се повлекуваат надвор од дивиот камп“, истакна Шекеринска, пренесе НОВА ТВ.




