Министерката за одбрана Радмила Шекеринска со две пораки на својот профил на Твитер го честита потпишувањето на Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО.



„Успеавме! Честито драги сограѓани! Протоколот за нашиот влез во НАТО е потпишан! Чест ми е што следната среда за првпат ќе ја претставувам нашата држава на состанокот на министри на земјите членки на НАТО. Најважно: Секој успех ве прави двојно посилни кога се движите кон следната цел“, твитна прво Шекеринска, а потоа го објави и следниот твит: „Денеска ми претставува навистина огромна чест како министерка за одбрана да видам дека сите земји–членки на НАТО ни посакаа многу топло, многу силно, многу гласно добредојде во најмоќната воено-политичка Алијанса во светот. Македонија веќе не е во изолација“.