Министерката на одбрана ги повика сите заинтересирани да се пријават на конкурсот за воени пилоти што го распиша министерството.
„Започнете го вашиот пат во една од највозбудливите професии! Отворен е конкурсот за обука за воени пилоти. Меѓу другите погодности, го зголемивме износот на месечниот надомест во време на обуката, и тоа од 4.000 на 25.000 денари“, напиша министерката Радмила Шеќеринска на „Твитер“.




