Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска вели дека се следи состојбата со мигрантите на јужната граница, но дека постои подготвеност за соочување со зголемен притисок.
„Во текот на вчерашниот ден правевме консултации и Министерството за внатрешни работи, пред се, и ние како негова поддршка, сме подготвени да се соочиме и со зголемување на притисокот на границата. Тоа покажува дека е важно да се биде буден и подготвен“, изјави Шекеринска.
Шекеринска вели дека состојбата се следи и не случајно што на јужната граница има постојано армиско присуство.
Мигранти од камп во близина на Солун вчера се судри со грчката полиција во обид да тргне кон грчко-македонската граница по лажна информација дека наводно„балканската рута“ одново била во отворена.





