Шекеринска се поклони и пред споменикот на Гоце Делчев во Градски парк – исчкртан со графити

Покрај на гробот на Гоце Делчев во дворот на црквата „Свети Спас“, вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска положи венец и цвеќе и пред споменикот на македонскиот револуционер во Градски парк, исчкртан со графити.



Скандалозната состојба на монументот со ликот на апостолот на македонската револуционерна борба дојде до израз и како заднина зад Шекеринска додека даваше изјава за медиумите, откако во тоа ја спречија навивачките групи „Комити“ и „Војводи“ на гробот на Делчев, извикувајќи „Никогаш Северна, само Македонија“.

Споменикот е дел од културното наследство на главниот град и се наоѓа неколку стотини метри од канцеларијата на градоначалникот Петре Шилегов.