Министерката за одбрана Радмила Шекеринска се пофали на социјалните мрежи дека Армијата ужива најголема доверба од институциите кај граѓаните, предизвикувајќи лавина реакции.
Дел од реакциите:
„Ова пишуваш за Армијата на вашата земја?“;
„Уште ти да не беше министерка на војската, ќе имаше рејтинг 86 проценти“;
„Ова за тебе е успех? Ама сериозно кажи ми? Држава во која најголема поддршка имаат Армија и Религија?“;
„Во Армијата, не во Министерството за одбрана. Министерството е политичка структура, Армијата е уставна структура. Рејтингот на Армијата не е рејтинг на Министерството“;
„Во Армијата на Македонија, не во тебе. Не си препишувај заслуги, изгледаш патетично“;
„Анкетава вели дека само 19 отсто од луѓето имаат доверба во Армијата, тоа е тотален дебакл. Бројките се едни од најниските во регионот. И за тебе ова е УСПЕХ?“;
„Луѓето веруваат во Армијата не поради тоа што ти си главна, туку и покрај тоа шпто ти си главна“.




