Министерката за одбрана Радмила Шекеринска се пофали со нова донација за Армијата на Република Македонија од сојузник во НАТО.



„Сојузничка соработка на дело. Армијата опремена и со најсовремени системи за преноќување на отворено. Вреќи за спиење за сите сезони, индивидуални шатори за набљудување и за снајперисти. Со амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј денес бевме на примопредавањето на оваа вредна донација која ќе ја користи Лесната пешадиска баталјонска група. И со оваа донација но и со континуираната поддршка, обуки и советување, Обединетото Кралство покажа дека не сме само сојузници туку и пријатели“, вели Шекеринска во својата објава на Фејсбук.