Обвинителството осомничи уште едно лице за насилство врз пратеничката и сегашна министерка за одбрана, Радмила Шекеринска.
Од обвинителството за информираат дека оштетената пратеничка го препознала осомничениот во полициска станица и дека лицето е во куќен притвор.
Оттаму додаваат дека преземаат истражни дејствија за обезбедување докази и комплетирање на предметот, по што ќе донесат јавнообвинителска одлука. Ова е уште еден осомничен, покрај осудениот Панче Ангелов, кој откако призна вина, со правосилна пресуда доби 4 години затвор за напад врз пратеничката Шекеринска лани во Собранието.





