Шекеринска на средба со американскиот колега Џејмс Матис (ВИДЕО)

Средбата со американскиот секретарот за одбрана Џејмс Матис е во клучен период, два месеца пред Самитот на НАТО и тоа е извонредна шанса да покажеме колку членството во НАТО е важно за Република Македонија, оценува министерката за одбрана Радмила Шекеринска која е во официјална посета на САД.



„Со американскиот секретар за одбрана ќе разговараме за нашето стратегиско партнерство, за одбранбените реформи, но и за сите оние работи коишто Македонија може да ги понуди на НАТО, во смисла на зголемена безбедност во регионот и на европскиот континент“, изјави Шекеринска.

Претходно за време на посетата на американската сојузна држава Вермонт порача дека „поканата за Македонија за членство во НАТО ќе придонесе за нашата стабилност, но и за стабилноста во регионот, и ќе биде во интерес на САД“.