„Ми претставува огромна чест да ве информирам дека на Когресот во Берлин ме избраа за потпретседател на Партијата на европски социјалисти (ПЕС). Честа е дотолку поголема што ова е прв пат ПЕС да избере на таа позиција личност која доаѓа од земја која не е членка на Европската унија. Благодарност до новиот претседател Стефан Ловен, кој го даде предлогот и до сите мои колеги кои го поддржаа“, напиша поранешната министерка за одбрана и заменик претседателка на СДСМ, Радмила Шеќеринска на својот Фејсбук профил.
На конгресот на Партијата на европски социјалисти во Берлин долгогодишниот премиер на Шведска и лидер на тамошните социјалдемократи Стефан Ловен е избран за нов претседател на ПЕС.






