„Она што беше нашата цел, а тоа е да најдеме решение коешто ќе биде позитивно и за Македонија и за Грција, сметаме дека е постигнато со овој предлог пакет. Не случајно премиерот вчера јасно порача дека сметаме дека пакетот којшто беше усогласен нуди шанса сите да излезат од овој процес како победници“вели министерка за одбрана и вицепремиер, Радмила Шекеринска.
Таа, како што пренесе „НОВА ТВ“ објаснува дека Република Илинденска Македонија е временска одредница која се поклопува со важни датуми од историјата и покажува дека нашата земја ниту имала, ниту ќе има територијални претензии.
„Сите елементи во решението одговараат и на очекувањата и на барањата во Македонија и во Република Грција. Тие даваат одговор на нашите национални и државни интереси и го заштитуваат нашиот идентитет“ вели Шекеринска.
Таа објасни дека предлогот претставува пакет решение кое, како што рече, не може да се дроби на парчиња, што значи дека нема повлекување од ерга омнес.
За ракциите од Софија дека името „Илинденска“ значи пртифаѓање на тезата дека Македонија има иста историја со Бугарија Шеќеринска децидна:
„Македонија е единствената држава во Западен Балкан која го затвори целосно прашањето на своите граници и тоа не е случајно. Границите на нашата држава се познати, територијални претензии ниту ние имаме кон соседите, ниту гледаме територијални претенциии кон Македонија“.




