Министерката за одбрана Радмила Шекеринска им оддаде почит на војниците на АРМ масакрирани кај Вејце во 2001 година, именувајќи ја само како „Армијата“.
„Почит кон припадниците на Армијата кои своите животи ги загубија на денешен ден 28.04.2001 година во реонот на село Вејце: постар водник Роберт Петковски, водник Миле Јаневски, водник Бобан Трајковски, водник Игор Костески. Нека им е вечна слава!“, твитна вицепремиерката.
„Армијата на која држава? Зимбабве? Ни почит кон починатите за Македонија не знаете да оддадете“, е една од реакциите под твитот на Шекеринска.
„Прекинете да ја крадете историјата на Република Македонија и да ја претставувате како своја“, бара друг твитерџија.





