„ Јас сум горда и сигурна во себе, во мојот идентитет и во својата Македонска изворна идентификација и нема што да дискутирам со Каракачанов која сум и што сум. Ако тој сака да биде Македонец нека повели“ изјави во гостување во Дневникот на „Сител“ министерката за одбрана Радмила Шекеринска за односите со Бугарија и за изјавите на Каракачанов, на сметка на нејзиното семејство.
„Нашето право е наше право, многу од тие изјави не ни е од полза. Тој што е сигурен во себе, во својот идентитет и својот јазик нема потреба толку да се пени и објаснува. Покажуваме многу поумно и посигурно размислување, отколку другата страна“, рече Шекеринска.
Министерката на одбрана уште рече дека за да се постигне договор со Бугарија треба да има желба од двете страни, не само во Владата туку и во целата држава ние има да се реши проблемот.
Ако има само половина од тоа на бугарската страна ќе го решиме проблемот“, вели министерката.




