„Техничката влада со изминат мандат треба веднаш да донесе уредба за задолжителен 14 дневен карантин за сите кои го напуштија градот пред започнувањето на полицискиот час, со цел колку толку да се изолираат и лоцираат, потенцијалните нови жаришта“, побара претседателот на ТМРО Ванчо Шехтански.



Во соопштението на ТМРО се вели дека изолираниот 80-часовен карантин на Скопје е погрешен чекор и требаше да се спроведе на целата територија. Вака се создаде реална опасност од неконтролирано ширење на вирусот низ целата држава.