Шефовите на „Дрисла“ ќе се подноват со 3 нови џипови

Градоначалникот Петре Шилегов ќе го поднови директорот на Дрисла, Коста Начевски, со три нови џипови, кои се дел од јавната набавка од вкупно 13 милиони денари за набавка на нови возила. Раководството на Дрисла не крие дека овие возила ќе се користат од раководната администрација и самиот директор, се вели во реакцијата на советничката група од ВМРО ДПМНЕ.



„Значи наместо да се набави работна механизација и кипери, тие ќе набавуваат возила за удопства и луксузирање на раководството на ова градско претпријатие. Сето ова аминувано од скандал мајсторот Петре Шилегов кој самиот соопшти дека не работи и не живее од плата“, реагираат од советничката група и бараат стопирање на набавката.