Шефови во контрола на летови под контрола на ДУИ уриваат конкурс за да исконтролираат вработување на кадри од Мала Речица

Контролорите на летање кои се вклучени во процесот на тестирање на кандидатите за школување за идни контролори, вчера попладне во канцеларијата на директорот на МНАВ Фахрудин Хамиди оставиле протестна нота и барање за прераспределување, објави СДК.МК.



Според Синдикатот и според Здружението на контролори на летање, директорите Фахрудин Хамиди, Миѓен Селмани и Влатко Крстевски намерно не ги праќаат осумтемина на школувањето за кое течат роковите.

Директорите според СДК чекаат да поминат 90-те дена од објавување на огласот и тој да пропадне. Откако ќе го пропаднат, тројцата директори сакаат да распишат нов, и по свои, а не по правилата на Еуроконтрол, да извршат избор на кандидати за почетно школување, првенствено, нивни деца и деца на функционери на ДУИ. Синовите пак на директорите Селмани и Крстевски отпаднале уште во првата селекција.

Повеќе детали на овој ЛИНК

Поврзана вест

Меѓународен скандал за „Деца на ДУИ“ што го загрозува авиосообраќајот над Македонија