Шефот на владината СОЗР не е под истрага, се бараат мерки за обезбедување на газда кој од него добил огромен сомнителен тендер

Јавното обвинителство побарало судот да одобри мерки за обезбедување на Спасо Ѓоргиев сопственик на фирма за одржување на хигиена која за последниве три години добила милионски тендери од владата, објави А1ОН.



Најмалку еден од тендерите на кои во име на владата се потпишал Пеце Мирчевски, директор на службата за општи и заеднички работи и висок функционер на СДСМ, бил потпишан надвор од процедурата.

Пред една година Мирчевски со Серта склучил договор вреден 4,2 милиони евра.

Според порталот фирмата Серта не доставила докази за поседување на материјал за работа соодветно на правилата на тендерска документација.

Спорните материјали кои фирмата морала да ги докаже според процедурата требало да ги провери и потврди токму институцијата која ја води Пеце Мирчевски но засега за него или за друг вработен во СОЗР нема ниту истрага ниту е побаран притвор или обезбедување со цел да не ја напушти државата како што е тоа побарано за сопственикот на СЕРТА кој за три години добивал милионски тендери од владината СОЗР.

Повеќе детали за овој случај на овој ЛИНК

Предходно Пеце Мирчевски од медиумите беше споменуван за лет кој чинел 12 илјади долари во кој директорот на СОЗР при Владата летал со четири колешки со владиниот Лирџет за Љубљана.

Според експертите со кои се консултираше во 2019 година „Нетпрес“, вкупните оперативни трошоци за еден час летање со Лирџетот 60, изнесуваат 4.000 долари. Стандарден екипаж е, еден од пилотите да е овластен инструктор за тој тип авион или пробен пилот, и по потреба воздухоповен инженер или техничар, доколку треба да верификува нешто во текот на летот.

Мирчевски и четирите колешки тогаш не смееле да бидат во владиниот авион.

Мирчевски тогаш тврдеше дека се работи за пробен лет и дека се било според процедурата но за овој случај како и за последниот тој не беше истражуван.