Министерот за надворешни работи Бујар Османи во емисијата 24 Анализа на ТВ 24, синоќа поотрди дека одговорното лице за протокол во Министерството за надворешни работи си поднело оставка по поставувањето на словачкото наместо словенечкото знаме.
„Тоа беше едно од десетте знамиња и кога имате интензивна агенда се прават грешки.
Директорот на протоколот поднесе оставка иако немаше никаква директна одговорност која ја прифатив.
Тоа се други луѓе, а поради морална одговорност поднесе оставка, а работеше една година, рече Османи во емисијата.
Словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон на 18 октомври во кабинетот на колегата Османи во Скопје беше пречекана со згрешено знаменце од нејзината држава.







